Поминаа две години од смртта на Шабан Шаулиќ, а по тој повод српските медиуми објавија и фотографии од неговата викендица која изгледа напуштено.
Имено кралот на фолк музиката кој почина во сообраќајна несреќа во Германија враќајќи се од настап освен вилата во Белград поседуваше и голема викендица која во последните години од својот живот ја посетуваше се почесто.
Пејачот во викендицата ги собираше своите пријатели, а речиси сите знаат дека беше и љубител на рибарењето.
Екипата на „Папарацо Лов“ со својата камера пред неколку дена забележа и како изгледа неговата викендица.
Она што го забележаа е пустош околу викендицата во која Шаулиќ вложи многу пари, особено за тоа говореа и самите соседи.