На лицето на актерката Кристин Дејвис не се видливи брчки, а обожавателите веруваат дека таа го запрела природното стареење со бројни естетски процедури, пред се со инјектирање на ботокс.
Актерката Кристин Дејвис (56), која повторно ќе ја игра вечната романтична Шарлот во продолжението на серијата „Сексот и градот“, судејќи според најновите фотографии од сетот, малку претерала со ботоксот.
Фотографијата на Кристин со актерката Никол Паркер (50), која дојде како замена за Саманта, откако Ким Катрал (65) одлучи да не учествува во продолжението, ги загрижи фановите на серијата.
На лицето на Кристина не се гледаат брчки, па фановите веруваат дека актерката била подложена на бројни естетски процедури.
Пред да стане позната по улогата во „Сексот и градот“, Кристин со години се обидуваше да се вклопи во холивудското општество, пиејќи премногу алкохол.