Бергузар Корел е актерка и пејачка која ја шармираше пошироката јавност со својата убавина кога уште во 2011 година почна да се емитува серијата „1001 ноќ“ во која таа ја имаше главната улога.
Величествената Шехерезада ги освои срцата на многумина. Со сопругот Халит Ергенч, попознат како Сулејман од истоимената серија, ужива и љубов и голема популарност, а иако се повлече од малите екрани и се посвети на семејството, секој нејзин чекор се следи внимателно.
Така, изгледот на убавата актерка постојано е мета на коментари, а новата фризура на Бергузар Корел е главна тема овие денови, како за турската, така и за пошироката јавност на Балканот.
Актерката на својот профил на „Инстаграм“ објави фотографија која верно ја следат повеќе од два милиони луѓе, а многумина ги шокираше со оглед на тоа што турската убавица се осмели драстично да го промени својот изглед.
Имено, таа ја освежи темно кафеавата коса со посветли прамени, па реши да ги скрати шишките, што значително придонесе за промената.
-Повторно го направив тоа, напиша таа со шеговит емотикон додека коментарите за нејзиниот младешки изглед не престануваат да се слеваат и сите се согласија дека новата фризура на Бергузар Корел е совршен избор за есенските денови и дека одлично и прилега.
Инаку, ова не е прв пат актерката да ги изненади обожавателите со промена на фризурата, а најдрастично беше кога ја отсече долгата бујна коса за потребите на снимањето на последната епизода од серијата „Ти си мојата татковина“. Тогаш Бергузард ја скрати косата на пократко, а многумина останаа шокирани со оглед на тоа дека нејзината коса не е само нејзин заштитен знак, туку и извор на приход, благодарение на профитабилните реклами за коса што ги снимаше.