Бергузар Корел се гордее со сите стрии и целулитот кои ѝ ги подари мајчинството.
Турската актерка сподели фотографии на кои позира во бикини, четири месеци по раѓањето на второто дете.
37-годишната филмска ѕвезда се пошегува на своја сметка за покачената тежина по бременоста.
Во описот таа напиша порака, која наликува како да е пишувана од страна на таблоид:
„Бергузар Корел беше фотографирана во бикини. Славната актерка привлече внимание со зголемената тежина. Покачените килограми на Бергузар не останаа незабележани. Таа не успеа да се опорави од трудничката тежина. Изненадувачки големо внимание привлече фотографијата од Бергузар поради нејзиниот целулит и зголемената тежина по породувањето.“