Музичката легенда Шер (77) не ја интересираат коментарите за нејзиното ново момче, кое е 40 години помладо од неа. Пејачката која отсекогаш сакала да „долева масло на огнот“ изјави дека е задоволна од врската со 37-годишниот Александар Едвардс и дека никогаш во животот немала подобра „акција во кревет“ од осмата деценија.
Шер, како што пишуваат странските медиуми, го „исцрпува“ 40 години помладиот продуцент и му се меша во снимките. Извор за National Enquirer изјавил дека Едвардс е фрустриран и не знае како да ги задоволи апетитите на пејачката.
-Тој е фрустриран и не знае што да прави. Секогаш кога сака да заврши нешто во студио, таа му се јавува и сака уште. Се испостави дека тоа е премногу за него и веројатно ќе ја закопа нивната врска, тврди изворот.
Познатата пејачка и нејзиното помладо момче се заедно од 2022 година, но се шпекулира дека тие веќе биле на пауза во текот на пролетта, за оваа есен повторно да им се разгорат страстите.
-Шер се увери дека Едвардс само ја искористува поради нејзиниот статус и нејзините пари. Но, таа одлучи да го следи своето срце и да му даде уште една шанса. Оттогаш тие се неразделни, рекол изворот, пренесува Radar Online.
Друг извор близок до парот изјавил дека нивната врска е полна со страст и дека „таа го исцрпува – а тоа кажува нешто со оглед на нивната разлика во години!“
-Шер вели дека Едвардс ја направил 40 години помлада. Таа им кажува на луѓето дека нејзиното здравје е подобро отколку што било пред многу години, а тоа се одразува на нејзиното високо либидо, вели изворот.