понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Шест години по смртта, сопругот на Витни тврди: Таа не почина од дрога!

Токсиколошкиот наод потврдил дека во крвта има 0,58 микрограма кокаин во еден милилитар крв. Исто така се пројнадени траги од марихуана и лек против алергија бенадрил.
Шест години по смртта, сопругот на Витни тврди: Таа не почина од дрога!

Поминаа шест години од смртта на пејачката Витни Хјустон, а нејзиниот поранешен сопруг Боби Браун открива дека не верува дека за смртта на пејачката е виновна дрогата, иако при аутопсијата во нејзинот организам е пронајден кокаин.

-Не мислам дека Витни почина од дрога, изјави Браун за магазинот Ролинг Стоун и додаде “Навистина напорно работеше на тоа да остане трезна и да се исчисти”.

Тој смета дека таа починала од “скршено срце”.

Витни е пронајдена удавена во када во собата на хотелот Беверли Хилтон во Калифорнија на 11-ти февруари 2012-та година.

Токсиколошкиот наод потврдил дека во крвта има 0,58 микрограма кокаин во еден милилитар крв. Исто така се пројнадени траги од марихуана и лек против алергија бенадрил.

Најнови вести