Младата манекенка Бојана Родиќ и нејзиниот партнер Мирко Шијан неодамна добија дете – син на кој му го дадоа името Зоран, по таткото на Мирко.
Оттогаш тие никогаш не се разделиле од бебето, а вечерва решиле малку да се опуштат и да се прошетаат.
Бојана и Мирко се појавија на промоцијата на новата песна на Лене Чолак, а за оваа пригода избраа лежерни, црни комбинации. Со нив била и сестрата на Бојана, Наташа Родиќ, но без машка придружба.
Тројцата биле доста весели, а она што многумина ги изненадило е фактот што Шијан не пиел ништо освен вода. Наместо алкохол, цела вечер шише вода му било во рака.
Пред Бојана сепак имаше чаша црвено вино. Бидејќи таа пред кратко време стана мајка, а бебето е се уште мало и дои, многумина се прашуваат дали тоа ќе влијае на исхраната на малиот Зоран.