четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Шминкерот на Ријана откри дека пејачката има двојничка

Шминкерот на Ријана откри дека пејачката има двојничка

Пејачката Ријана нема време да завршува некои основни работи.

Имено, шминкерот на Ријана, Дамон Робертс кој е специјализиран за веѓи откри дека Ријана има тајна двојничка. Наводно станува збор за девојка која е слична на пејачката, а служи за пробување на разни бои и облици на веѓи.

Секој пат кога Ријана ќе одлучи да го промени изгледот на своите веѓи, најпрво шминкерот ќе проба на нејзината двојничка за да види дали ќе убаво ќе изгледаат на неа.

Освен тоа,  за да не се шета сама по продавниците, Ријана ретко оди во шопинг, па наместо неа праќа девојка која ги има истите облини како неа.

Задача на нејзината двојничка е да пробува гардероба и да праќа фотографии на пејачката за да одбере најмногу што и се допаѓа.

Вистина.мк

Најнови вести