Старлетата Сораја Вучелиќ се појави на настапот на пејачката Ана Николиќ во Загреб каде привлече големо внимание.
Имено, таа се породи пред еден месец и на свет донесе момче на кое му го даде името Кан, а сега по породувањето за првпат излезе со другарките во ноќна забава.
Вучелиќ е многу активна на Инстаграм каде често објавува свои фотографии во провокативни изданија, а нејзините силиконски гради секогаш се во преден план. Јасно е дека Сораја ја фотошопира секоја своја фотографија пред објавување, а српските медиуми сега објавуваат фотографија на која се гледа нејзиното вистинско лице.
Сораја е многу поразлична во живо во споредба со она што го објавува на социјалните мрежи, па никој не би ја препознал.