Познатите пејачи и сестри Инди и Едита Арадиновиќ се степаа на сред улица, објави српскиот портал Информер.
На објавената снимка се гледа како двете се валкаат по улица додека се расправаат, а непознато момче се обидува да ги раздели.
Во еден момент, се слуша како Инди и вика на Едита „дај ми го телефонот“, по што истиот завршува фрлен неколку метри подалеку.
Познато е дека двете сестри од порано не се во добри односи, но во последно време медиумите пишуваа дека нивниот однос го подобриле. Но, очигледно не е така.
Што е причината за кавгата и тепачката се уште не е познато.