Таткото на починатиот историчар на уметност Видоје Ристовиќ, Виктор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф, откри нови шокантни детали за неговата снаа Николина Пишек, за која тврди дека и се важни само парите, Тој ја обвини Николина дека нејзината алчност го убила неговиот син.
Според него, Николина инсистирала што поскоро да ја доврши куќата што ја градат, бидејќи нејзиниот прв приоритет е да си обезбеди удобен живот. Во својата исповед за српска „Република“, Миша Гроф рече дека Видоје нон-стоп и праќал пари на Николина во Хрватска за да располага со нив, дека го издржувал целото нејзино семејство и дека Пишек сега се обидува да ги продаде уметничките дела што ги поседува само за да ги добие и тие екстра пари.
-Николина е болна жена. Таа жена повторно дојде во Белград само за парите. Дојде да ја доврши куќата, а не за да одбележи 40 дена на поменот на син ми. Нејзе ѝ беше важно само куќата на која работеа да биде завршена. Таа вели дека Видоје би сакал тоа да се заврши најмногу на светот. Се обидов да и објаснам и да и кажам: „Николина, син ми не се олади, не стигна официјалната обдукција, а ти бараш пари за куќата! Таа куќа за која инсистираше да се доврши, таа го уби“. Таа бара тетратки во кои водел евиденција. Сака да има увид во сè. Битно е што е потрошено, што е важно што умре Видоје. Првата сопруга на Видоје Лана е магија од жена. Таа доаѓа да ме посети, а Николина само ја влече за ракав за да и прави друштво. Што друго да се прави овде кога ќе дојде во Белград, вели Миша.