петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Што откри експерт за говор на телото откако ја анализира кралската четворка?

Што откри експерт за говор на телото откако ја анализира кралската четворка?

По заедничките појавувања на принцовите Вилијам и Хари со нивните сопруги, во јавноста се покрена полемика околу нивниот затегнат однос. Експерт за говор на телото го анализираше однесувањето на кралската четворка и ги сподели сознанијата.

Катја Лоисел, експерт за говор на тело и врски, го анализираше појавувањето на двете брачни двојки истакнувајќи дека Вилијам и Кејт изгледале вознемирено, но се држеле до професионалност во текот на процесијата во Вестминстер Хол. За Хари и Меган вели дека со желбата за блискост постојано „ја кршеле формалноста“.

Катја истакнува дека наведнатата глава, насобраните веѓи, напнатоста во пределот на вратот и цврсто стиснатите усни на Вилијам и на Кејт укажуваат дека едвај се обидуваат да не заплачат.

Одредени фотографии прикажуваат дека Кејт и Вилијам изгледаат скоро сосем дистанцирано, додека Хари и Меган не се одвоија еден од друг, истакнувајќи ги така разликите меѓу двата парра.

Војводата и војвотката од Сасекс ја искажале својата „желба за поврзаност и близина“, но и чувството на сигурност.

„Принцот Хари и Меган користеа и контактни знаци на блискост, како држење за раце, но и оние без контакт. На пример, нивните тела беа „отворени“ еден кон друг, а разменуваа и меѓусебни погледи искажувајќи на тој начин меѓусебна поддршка“, вели Катја.

Од друга страна, Вилијам и Кејт беа „одраз на нивните улоги и сериозноста на приликата“.

„Видно натажени и изгубени во сопствените мисли, принцот Вилијам и принцезата Кејт држеа дистанца, во склад со формалноста и сериозноста на настаните, но и со самата позиција на принцот Вилијам како престолонаследник“, објасни таа.

Смета дека Вилијам и Кејт се обиделе да ја „замаскираат својата болка“ со неутрални изрази на лицата поголем дел од церемонијата, додека во јавноста испадна дека „едвај се држеле заедно“, што предизвика критики.

Најнови вести