среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Шварценегер е голем љубител на животни: Чува пони и магаре, а со најновото милениче ги шокираше сите (ФОТО)

Шварценегер е голем љубител на животни: Чува пони и магаре, а со најновото милениче ги шокираше сите (ФОТО)

Познатиот актер и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер е голем љубител на животни.

Покрај кучето, тој има и пони и магаре, а сега на социјалните мрежи откри дека посвоил ново домашно милениче – свиња која ја нарекол Шнели.

„Семејството расте. Запознајте го Шнели“, ја напишал актерот фотографијата на која се гледа како позира со кучето и прасето во скут.

„Шнел на германски значи брз. Кога пристигна, трчаше низ куќата и целиот имот, беше невозможно да го фатиме, па решивме да го наречеме Шнел“, изјави Шварценегер во интервју за Фокс 11.

„Обичен ден во кој Терминаторот држи свиња и куче во скут“, „Совршено“, „Честитки“, се само дел од коментарите на неговите следбеници под објавата на Твитер, која ја прегледале речиси осум милиони корисници.

Инаку, Шварценегер често на социјалните мрежи споделува смешни моменти со своите миленици.

Најнови вести