четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СИ ГИ СПАКУВА КУФЕРИТЕ И ЗАМИНА: Рада Манојловиќ ја напушти Србија, откри и кој и прави друштво (ФОТО)

СИ ГИ СПАКУВА КУФЕРИТЕ И ЗАМИНА: Рада Манојловиќ ја напушти Србија, откри и кој и прави друштво (ФОТО)

Пејачката Рада Манојловиќ ги спакува куферите и ја напушти Србија. Таа за да ги наполни батериите и да се одмори од бизнисот решила да отпатува за Париз.

Имено, Рада на ова патување не отишла сама, туку ја земала сестра и Марија со која е неразделна. Пејачката ги сподели настаните од патувањето на социјалните мрежи и покажа како го поминуваат времето таму.

– Кратка прошетка низ Париз со мојот најдобар пријател, напишала Рада во описот на фотографиите.

Да потсетиме, Рада често истакнува колку е приврзана за својата сестра и дека таа е нејзината најголема поддршка во животот.

-Секогаш го кажувам тоа и оној кој ќе се мажи за мене, ќе се омажи и со Маја, толку сме врзани. Таа е мојот спас на некој начин, никогаш не морав да ја барам мојата најдобра пријателка, секогаш ја имав – изјавила претходно пејачката.

Најнови вести