вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СИ ЈА ДОБИ ПЕКОЛНАТА КАЗНА: Поранешното момче на Теа Таировиќ оди во затвор – и се заканувал дека ќе ја претепа и ќе ја ишиша ќелава

СИ ЈА ДОБИ ПЕКОЛНАТА КАЗНА: Поранешното момче на Теа Таировиќ оди во затвор – и се заканувал дека ќе ја претепа и ќе ја ишиша ќелава

Поранешното момче на пејачката Теа Таировиќ С.Џ е осуден на казна затвор од три месеци поради закани кои и ги упатил на пејачката.

Имено, тој се терети дека откако во март 2018 година пејачката раскинала со него во повеќе наврати по пат на телефон од повеќе броеви и упатувал озбилни закани по нејзиниот живот.

По пат на телефонска комуникација и пратил фотографии од женско лице кое било претепано и и кажал дека тоа може да биде она доколку не се смират.

-На ден 21.04.2018 година во близина на дискотеката „Gaudeamus“ покрај мотелот во кој била сместена Т.Т откако ја побарал на нејзиниот мобилен телефон и рекол да се симне доле пред мотелот како би разговарале и да и врати некои нејзини лични работи, а откако таа го одбила тоа, тој и се заканил дека ќе и направи проблем во клубот додека пее и дека ќе ја ишиша келава. Со ова тој направил казнено дело загрозување на безбедноста и сигурноста, пишува меѓу останатото во пресудата.

Сепак оваа пресуда не е конечна и тој има право на жалба, пренесуваат српските медиуми.

Најнови вести