среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА, ПА ОД ЗБОРОВИТЕ ЌЕ ПУКНЕ И КАМЕНОТ – Николина Пишек откри како дознала дека починал сопругот легнат врз друга жена!

СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА, ПА ОД ЗБОРОВИТЕ ЌЕ ПУКНЕ И КАМЕНОТ – Николина Пишек откри како дознала дека починал сопругот легнат врз друга жена!

Водителката ги потврди шпекулациите за околностите на смртта на нејзиниот покоен сопруг Видоје Ристовиќ. Николина ѝ ја отвори душата на колешката Татјана Јуриќ и призна дека освен што останала вдовица, била изневерена…

Пред нешто повеќе од една година хрватската водителка Николина Пишек го загуби сопругот, а во моментот кога ја известиле за неговата смрт била во Загреб со својата ќерка. Требал да им се придружи Видоје Ристовиќ, но тоа не се случи, за жал, тој почина. Во подкастот „Skip or Beep“, Николина на водителката, односно колешката, Татјана Јуриќ ѝ ги открила деталите за смртта на нејзиниот сопруг.

„Ми се јави неговата мајка, тоа беше во ситните часови, се случи да не спијам, не знам зошто. Таа рече: „Видоје умре“, а јас реков – „Добро ли си ти? Што се случува Марија? Едноставно извесно време не можев да го обработам тоа“ – објасни таа во поткастот.

Водителката изјави дека постојано се пишува за смртта на нејзиниот сопруг односно дека се шпекулира дека тој починал за време на масажа додека бил „врз друга жена“.

– Па, горе-долу се што е напишано е точно – признава Николина и додава дека тоа ја изненадило.

„Бевте верни еден на друг или?“ – прашува водителката -колешка.

„Па јас бев“ – вели Николина и нагласува дека не знаела дека тој бил неверен.

„Била присутна една женска личност во станот, јас не знам ни како се вика таа жена, не ми е ни важно тоа, но таа призна дека била во некаква врска со него, а мојот свекор се тоа го формулираше како масажа…Се е многу чудно, а здравствениот наод покажа дека умрел од напрегање на срцето“ – ракажува Николина.

Таа нагласува дека така станала одеднаш и изневерена жена и вдовица, а дека не ја поштедиле ни медиумите ниту свекорот со кој до денес е во „војна“.

Денес вели дека не е сигурна дали воопшто нејзиниот брак би опстанал.

Најнови вести