Синот на Жељко Ражнатовиќ Аркан, Никола Ражнатовиќ како и неговиот брат близнак се вратија од Америка во Србија.
Имено тој е женет со ќерката на бизнисменот Обрад Сикимиќ (63) кој е некогашен бизнисмен кој е уапсен во 2018 година поради сомневање дека ја оштетил фирмата во Загреб за 20 милиони евра.
View this post on Instagram
Никола со години живееше во Лос Анџелес со мајката Наталија, првата сопруга на Аркан како и со братот близнак Војин и сестрите Маша и Милена.
Во меѓувреме Никола започнал да се забавува со десетина години помладата од него Кача Сикимиќ, а во април 2019 година парот доби и ќерка.
View this post on Instagram
-Никола сега живее со сопругата и ќерката во нивниот стан во Белград, а недалеку од таму има и стан во наследство од својата баба, мајката на Аркан. Тој работи за една американска компанија и добро заработува. Меѓутоа тој не сака да се знае дека е во Србија, па максимално ги избегнува медиумите, раскажува извор близок до него.