Синот на Драгана Мирковиќ, Марко Бијелиќ од кога отвори профил на Инстаграм не може да се одбрани од понежниот пол. Има 22 години, сака добри автомобили, музика, жесток љубител е на Формула 1, има исклучително високо образование и е страстен вљубеник во патувањата и излегувањата.
Марко деновиве се одмара на хрватското приморје, а на неговиот Инстаграм може да се видат фотографии од плажата на која секако е без кошула.
Девојките се многу заинтересирани за него, но по се изгледа дека срцето на Марко веќе е освоено.
Тој е на одмор со својата девојка, извесна Анастасија. Тие двајца направиле кратко патување од Хрватска до Будва. Засега врската ја чуваат во тајност.