Мирко Шијан решил да се занимава со угостителство и со својот најдобар пријател отворил кафуле.
Како што открива извор близок до ова контроверзно момче, Шијан добил голема поддршка од мајкаа му Гоца Божиновска, а во реновирањето на локалот вложил голема сума пари.
-Мирко отсекогаш сакал да отвори свој локал за да има сигурна заработка, а кога имал можност да го преземе кафулето од некој негов познаник, без размислување прифатил. Му се јавил на пријател и го прашал дали сака да му се придружи. Се договориле за поделба на работата, а потоа ангажирале тим кој за две недели целосно го реновирал просторот, вели изворот и открива дека наследникот на Гоца одлично се снашол во новиот бизнис.
Припадниците на седмата сила го контактирале Мирко Шијан, кој не сакал да ја коментира инвестицијата во новиот локал, но признал дека гласините за отворањето на локалот се точни.
-Вистина е дека локалот го отворив со добар пријател, но навистина не би зборувал за трошоци и заработка, изјави Шијан.