Бугарските убавици отсекогаш буделе восхит кај мажите во странство. Доказ за тоа е „Мис Бугарија 2013“ Александра Милтенова, која успеа да освои еден од најбогатите наследници на светот.
Во моментов, сексипилната дама го темнее тенот во сончево Тулум и често споделува жешки фотографии од таму кои добиваат многу лајкови и коментари.
Секако многу мажи сонуваат да дојдат до неа, вклучително и Хуан, синот на убиениот шеф на колумбиската нарко мафија, „кралот на кокаинот“, Пабло Ескобар. Тој не пропушта да лајкува секоја најнова фотографија на Александра, кои беа снимени во Мексико.
Уште поинтересно е што се зборува дека некои од нив биле направени во неговиот замок – вила.
Сè уште не се знае дали постои романтична врска помеѓу Александра и Хуан, но очигледно наследникот на Пабло Ескобар „паднал“ на убавината на бугарската нимфа.
Извор и фотографии: woman.bg