Синот на покојниот пејач Шабан Шаулиќ кој загина во сообраќајна несреќа вчера го славеше својот роденден.
Михајло Шаулиќ додека вчера го прославуваше својот роденден членовите на неговото семејство му посакаа искрени честитки преку социјалните мрежи. Една од нив беше и неговата сестра, пејачката Илда Шаулиќ.
-И среќа и тага и добро и зло го носиме заедно. Најголема потпора и најголема поддршка и најголема љубов. Нашиот единствен брат!!! Да си жив и здрав и среќен, да не радуваш сите нас. Среќен роденден те сакаат сестрите.
На неговата прослава како што наведуваат српските медиуми пристигнале многу гости, но не и неговата нова девојка пејачката Александра Младеновиќ.
Медиумите веќе подолго време шпекулираа дали тие се во врска, а пејачката во едно телевизиско шоу неодамна призна дека се дружеле.
Инаку Михајло месецов требаше да прави свадба со поранешната свршеница откако истата ја презакажаа за 2020 година откако ненадејно загина легендарниот пејач, но пред половина година тие ја раскинаа свршувачката.