вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Синот на Шабан се ожени: Еве како изгледаа Михајло и бремената Марина на свадбата (ФОТО)

Синот на Шабан се ожени: Еве како изгледаа Михајло и бремената Марина на свадбата (ФОТО)

Синот на починатиот крал на народната музика Шабан Шаулиќ, Михајло Шаулиќ и неговата избраничка Марина Велимировиќ денеска се венчаа во престижен хотел.

Познатиот пар го кажа судбоносното „да“ пред гостите, по што во салата се слушнаа врисоци, а потоа излегоа надвор и им позираа на фоторепортерите.

„Луѓе, благодарам“, рекол видно возбудениот Михајло, а потоа се фотографирал со невестата и пред сите си размениле бакнеж.

Невестата блескаше во една од венчаниците кои се со спуштено кај рамената, а оделото на Михајло беше специјално дизајнирано за венчавката.

FOTO: PINK.RS/J. MATIĆ

Најнови вести