Синот на легендарниот српски пејач Шабан Шаулиќ, Михајло Шаулиќ наскоро ќе го изговори судбоносното „ДА“ на својата свршеница Марина Велимировиќ.
Иако досега јавноста не знаеше речиси ништо за неговата свршеница и ја немаше видено, овој пат тој сподели фотографија со бремената идна сопруга.
View this post on Instagram
-Во исчекување на моментот за кој сите живееме и за кој од раѓање се радуваме, време е добро да се одмориме и да размислиме за плановите во иднина, напиша Михајло Шаулиќ на својот Инстаграм профил.
За потсетување на јавноста неодамна извор близок до парот откри дека Михајло ќе се жени и дека чека и дете.