Пејачката Северина Вучковиќ објави фотографии на кои се гледа дека го направила и го ставила на масата во својот стан најпознатиот украс за празникот „Ноќта на вештерките“ – резбана тиква со свеќа.
Северина многу ретко објавува фотографии од својот дом, поради што јавноста има многу малку увид во тоа како изгледа нејзиниот стан, но сега направи исклучок.
Вучковиќ на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија на која се гледа дека по повод празникот Ноќта на вештерките го украсила својот дом согласно обичаите. Имено, пејачката издлаби тиква во која потоа запали свеќа.
Декорацијата ја ставила на масата во централниот дел од собата. Иако не носеше маска, што е и обичај, Северина очигледно се трудела, бидејќи резбањето тиква не е воопшто лесна работа како што изгледа.
Додека нејзините колеги позираа во страшни или секси маски, таа реши да објави нешто друго.