Кралското семејство и оддаде почит на починатата кралица Елизабета, откако сите во поворка ја напуштија Бакингемската палата, каде телото на кралицата беше пренесено во ковчег во Вестминстерската палата, каде што милиони луѓе доаѓаат да се простат од неа.
По тој повод, принцезата од Велс, Кејт Мидлтон и оддаде почит на својата свекрва, принцезата Дијана, носејќи ги обетките што ги наследи од неа.
Имено, Кејт ги ставила бисерните обетки кои и беа подарени на Дијана пред нејзината венчавка со принцот Чарлс во 1981 година. Обетките означуваат трогателно предавање од една принцеза од Велс на друга.
Дијана почнала да носи обетки пред да стане принцеза од Велс. Ги добила на подарок од „Колингвуд“, компанија за накит која била омилена на семејството Спенсер. Ги носеше во неколку наврати за време на бракот, избирајќи само важни настани.
Голема иронија е што Кејт седела покрај својата сегашна свекрва Камила, носејќи ги обетките на принцезата Дијана која наводно ги фатила во прељуба нејзиниот тогашен сопруг принцот Чарлс и Камила.
И додека сите ја осудуваат Меган Маркл што ги носела обетките што ги добила на подарок од кралицата Елизабета, сметајќи дека потегот е лицемерен, од друга страна, Кејт добила големи симпатии од обожавателите на принцезата Дијана, а ги имала многу.