четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Сите ја знаеме Хелена од популарната серија „Вила Марија“, но ретко кој ја знае оваа нејзина животна трагедија

Сите ја знаеме Хелена од популарната серија „Вила Марија“, но ретко кој ја знае оваа нејзина животна трагедија

Хрватската актерка Миа Беговиќ е една од најубавите жени од поранешна Југославија и нема некого кого не воодушевила со својата необична убавина. Иако имаше богата и успешна кариера, а и денес е активна во актерството, помалку е познато дека животот воопшто не ја милувал.

Најголемата трагедија што и се случи и што остави неизлечива рана во животот на актерката е смртта на нејзината сестра Ена, исто така убавица, која почина во сообраќајна несреќа во 2000 година. Во истиот автомобил била и тогашната едномесечна ќерка на Ена, Лана, која ја добила од бракот со Јосип Радеjак.

Миа првпат се омажи за ватерполистот Роналд Лопати во 1990 година, а тие беа во брак скоро десет години и ја имаа ќерката Маја Лена.

По разводот, во 2004 година, таа повторно стапна на „лудиот камен“ и му рече „да“ на бизнисменот Жељко Шнидариќ. Сепак, дури и таа љубов не заврши славно и траеше шест години.

Поранешните сопружници беа нападнати од медиумите во 2012 година заради тепачката околу станот во Загреб каде што живееја заедно.

По враќањето од Костарика, каде учествуваше во реалното шоу „Преживеан“, Миа доживеа шок кога ја чекаше сменета брава на вратата. Неколку дена „кампуваше“ пред станот и спиеше во ходникот облечена во крзнено палто, а имаше и лоша среќа кога се сопна на торбите и ги повреди лигаментите. Поради повредата, таа не сакала да оди во болница, па лекарите ја санирале повредата на самото место. Обезбедувањето на нејзиниот поранешен сопруг внимавало да не влезе во станот во тоа време.

Миа глумеше во бројни театарски претстави, филмови и серии, а позната е по улогите во сериите „Гордоста на Раткајевите“ и „Вила Марија“.

Погледнете како изгледа убавата актерка денес!

Најнови вести