сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Сите мајки на тинејџерки ќе го разберат овој проблем: Гоца Тржан “полудува“ со ќерката Лена

Сите мајки на тинејџерки ќе го разберат овој проблем: Гоца Тржан “полудува“ со ќерката Лена

Гоца Тржан никогаш не криела дека повремено има проблеми со својата ќерка. И додека Гоца се придржува до строгите принципи, кога станува збор за воспитувањето на нејзината ќерка Лена, која минува низ пубертет и моментално е во бунтовничка фаза, се почесто ѝ задава главоболки.

-Гоца вели дека и таа како мала била проблематична, но и дека Лена претерала, раскажува добро информиран извор за односот меѓу Гоца и Лена.

-Почна да им пререкува и на неа и на Раши. Не ги слуша, се заклучува во својата соба и е во свој свет. Гоца одвреме-навреме и го бара телефонот, таа сака да има увид и да ја следи, но дури тогаш Лена се спротивставува. Таа е бунтовна и темпераментна, впрочем таа во карактерот е цела на нејзината мајка, а Гоца е свесна за тоа. Важно е само Гоца да внимава за Лена да не тргне по лош пат, вели изворот и заклучува:

-Свесна е дека Лена е во тинејџерски години и дека мора да помине низ тоа, но нема да ја остави да прави што сака.

Борбата на Гоца Тржан и понатаму оди во добар правец, бидејќи кога ќе стивнат страстите, Лена и таа се уште имаат хармоничен однос, а сите проблеми ги решаваат со разговор.

Најнови вести