Во екот на шпекулациите дека синот на српската пејачка со македонско потекло Гоца Божиновска е во врска со сестрата на Богдана Родиќ, се огласи и самата пејачка.
-Што се однесува до Бојана Родиќ таа му е другарка. Само се дружат, децата не се во врска, колку јас знам. Се сретнаа зимоска на Копаоник и од тогаш започнаа тие прикаски дека меѓу нив има нешто. Таа никогаш не била кај нас дома, така да се измислици дека лумпувала во мојот дом, вели пејачката.
Таа додава дека нејзиниот син кога има сериозни врски секогаш ги носел дома девојките за да ги запознаеме.
-Бојана не ја познавам како и Богдана која се омажи за Вељко Ражнатовиќ. Јас не му се мешам во изборот на девојки на мојот син, ако нему му е добра и мене ми е. Жал ми е што луѓето веднаш измислуваат различни работи. Сите ми се јавуваат и ми честитаат, па прво сигурно треба да ја запознам младата и нејзините родители, па потоа да правиме свадба, заклучува Божиновска.