На Самитот G20 во Буенос Аирес, првата дама на САД, Меланија Трамп се сретна со сопругата на аргентинскиот претседател, Јулијана Авада.
Сопругата на аргентинскиот претседател има 43 години, а американскиот магазин „Вог“ ја спореди Авада како современа верзија на Џеки Кенеди.
Има завршено на Оксфорд, а неколку години пред да се омажи има работено во текстилната компанија во сопственост на нејзиното семејство.
Претседателот ја запознал неговата сопруга во теретана во 2009-та година, а веќе во 2010-та година се венчале.