четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Сите очи вперени кон Сандра Булок: 54-годишната актерка им одржа лекција на двојно помладите колешки

Сите очи вперени кон Сандра Булок: 54-годишната актерка им одржа лекција на двојно помладите колешки

Синоќа се одржа европската премиера на филмот „Bird Box“.

Како главна протагонистка, Сандра Булок не го пропушти прикажувањето на филмот во Берлин, Германија.

На црвениот тепих, 54-годишната Оскаровка мамеше погледи во елегантно издание.

Харизматичната актерка носеше креација од Алберта Ферети, која ја надополни со обувки од Стјуарт Вајцман.

Модните критичари не можеа да престанат да ја фалат Сандра. Велат дека додека младите актерки промовираат кич и неморал, оваа убавица им држи сериозни лекции за изглед.

 

Најнови вести