Руската манекенка Ирина Шаик (35) ги „запали“ социјалните мрежи со нови фотографии кои ги објави на своето „стори“ на Инстаграм, на која позира во костим за пливање.
Имено, Ирина објавила 3 „стори“ на кои се гледа во долен веш додека се фотографира во огледало, а потоа во бело-маслинесто зелено бикини на плажа.
Сите три објави го покажуваат нејзиното фантастично тело, а сите особено ја зумираа фотографијата на која се гледа нејзиниот задник. Во преден план е нејзиното совршено обликувано тело и долгите нозе.
На фотографиите Ирина има влажна коса и многу блага шминка, а следуваа бројни коментари на обожавателите.
„Повторно бујните облини во преден план“, „Каде е Кање?“, „Совршена“, „Позгодна од Ким“, се вели во коментарите.
Погледнете ги фотографиите: