Ријана накратко се вратила на сцената на полувремето на Супербол. Пејачката за време на настапот ги воодушевила обожавателите кои погодувале дали таа е бремена со второ дете.
Нејзините претставници подоцна за „The Hollywood Reporter“ ја потврдиле нејзината бременост.
Секоја година НФЛ ангажира некого од најголемите музички ѕвезди да настапат на полувремето на Супербол. Од Бијонсе преку Пол Мекартни до Лејди Гага, настапот на Супербол привлекува милиони гледачи ширум светот. Поради тоа многу музичари сонуваат за данот кога ќе бидат повикани на настапат на ова случување.
Меѓутоа, музичарите за настапот на Супербол не добиваат пари. Наместо тоа, НФЛ ги плаќа сите трошоци во врска со продукција, вклучувајќи ги и патните трошоци.
View this post on Instagram
Во изјава за The Independent, претставник на НФЛ потврди дека „фудбалската лига“ ги покрива сите трошоци поврзани со шоуто и исплаќа просечна плата на изведувачот“. Според „Форбс“ таа плата е само мал дел од износот од 6 или 7 цифри, кои уметниците ги заработуваат. Продукцијата на полувреме, во зависност од тоа што подготвува изведувачот, може да ги чини и 10 милиони долари.
View this post on Instagram