Речиси нема некој кој не се сеќава на филмот „Ране“ како и легендарниот млад актер Душан Пекиќ – Пинки.
Оваа улога тој ја играше одлично и сите му приредуваа блескава кариера, се до 2000-та година кога заминал во војска и никогаш не се врати од неа.
Тој ноќта помеѓу 26 и 27 март починал во воената касарна, а за причината за смртта се шпекулира до ден денешен.
Кога починал младиот актер имаше само 19 години.
Како причина за неговата смрт се наведуваа две причини, едната дека починал од забранети супстанци, а втората дека е задушен во сон.
Неговата мајка по 17 години молк во 2017 година реши да ја открие вистинската причина за смртта на нејзиниот син.
-Поминаа 17 години од смртта на мојот син! На почеток времето поминуваше толку бавно, што болката притискаше се повеќе и повеќе. Тешко ми е и денес да се присетам на тоа. Душан беше омилен во друштвото, а и меѓу женските, имаше неколку девојки и симпатии. Доби нова улога, но смртта беше пребрза, претходниот ден беше заклетвата кога се одвоивме, претера со пиење, а кога се раздвоивме отиде со другарот во соседниот град каде и таму не престанал да пие. Кога утрото офицерот ги разбудил војниците од неговата соба, сите морале да станат, а него го оставил да спие бидејќи му бил омилен, а инаку тешко се будеше, се присетува мајка му.
Таа додава дека да го разбудел офицерот кога ги будел сите, можеби сега ќе беше жив.
-Околу осум часот кога еден од војниците се вратил во соба да земе нешто забележал дека тој веќе е починат. Во обдукциониот наод стои дека смртта настапила поради гушење, а по 17 години се осудив да го прочитам тој наод, раскажа во 2017-та година мајката на младиот актер.