Водителката Николина Пишек и понатаму не може да си дојде на себе, откако минатиот месец го загуби сопругот, историчарот Видоје Ристовиќ кој почина на 44 години.
Иако поради своите ќерки кои во моментов и се единствена утеха се обидува да го преброди овој период, водителката е неутешна цело време.
Николина по погребот од пријателите барала да ги фотографираат цвеќињата и венците на гробот на нејзиниот покоен сопруг за да ги има како спомен во нејзиниот телефон.
-Иако пријателите ја советуваа да ги избрише, бидејќи со нивното гледање таа само си прави полошо, таа не ги послушала. Таа за тоа не сака да слушне, силно е повлечена во себе и сите се загрижени за неа, открива добро информиран извор.
View this post on Instagram
Тој додава дека наскоро ќе поминат и 40 дена, по што сите се надеваат дека водителката ќе се врати во нормала.
-Таа ги стопираше и сите градежни работи на новата вила во Загреб, не сака воопшто да се занимава со тоа во овој момент. Веќе ништо не и е важно кога го нема Видоје, раскажува изворот.
View this post on Instagram
Инаку сопругот на водителката почина од воспаление на срцевиот мускул, предизвикано од вирусно потекло, а за време на настанување на смртта тој бил во тешка алкохолизирана состојба.