вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА РАСПАЃАЊЕТО НА „УРАГАНКИТЕ“ – Сега се огласија и тие! Пејачките ставија крај на шпекулациите, ова е вистината!

СИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА РАСПАЃАЊЕТО НА „УРАГАНКИТЕ“ – Сега се огласија и тие! Пејачките ставија крај на шпекулациите, ова е вистината!

Атрактивните членови на групата Hurricane неодамна објавија нова песна со Теодора Џехверовиќ и го зазедоа првото место во трендот, а неодамна во медиумите се појави веста дека популарната група се распаѓа и дека е само прашање на време кога секоја ќе продолжи по свој пат.

По тој повод тие сега се огласија и ги демантираат наводите за разделба.

Нагласија дека ништо не се променило во нивниот однос и дека функционираат феноменално, како и дека на споменатите наводи од медиумите ќе одговорат со официјално соопштение што ќе го испратат утре.

Нивната порака ја пренесуваме во целост:

– Имаме потреба да ве контактираме по овој пат до сите медиуми што ги „распаѓаат“ Ураганките. Ние постојано нагласивме дека раскинувањето на групата може да биде само природно преку (завршување на договорот) или кога самите ќе одлучиме за тоа и дека официјално ќе ве информираме кога станува збор за тоа. Според тоа, утре ќе ви испратиме официјално соопштение. Бидете трпеливи и не објавувајте неточни информации бидејќи зборот „распаѓање“ не одговара на нашата слика за групата. Ви благодариме, напишаа тие.

Најнови вести