недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Сите зборуваат за тоа дали станал монах, а никој не знае каков бизнис отворил Милан Станковиќ

Сите зборуваат за тоа дали станал монах, а никој не знае каков бизнис отворил Милан Станковиќ

Пејачот Милан Станковиќ во последните неколку години се повлече од јавниот живот, а извесно време е посветен на Христијанството.

Посетува манастири, а неодамна беше забележан на црковно предавање. Сега по извесно време пејачот објави на својот Инстаграм профил каде ја покажа природата во која ужива, но и манастирот кој го посети.

Околу него немаше никој, а несомнено таму најде мир и спокој.

Пејачот неодамна се посвети на религијата, а се пишуваше и дека станал искушеник во манастирот Подмаине кај Будва, што монахот од споменатиот манастир во една прилика го демантираше за медиумите.

Според тамошните медиуми, Милан Станковиќ развил бизнис со камиони во Чикаго, кои моментално му се главен извор на приход.

-Милан отвори транспортна компанија во Америка во март минатата година. Имал само еден камион кога го започнал својот бизнис во Чикаго, а сега има десетина. Неговата компанија добро напредува, а и вработените се презадоволни, изјавил извор близок до пејачот.

Најнови вести