Тамара Ѓуриќ тврди дека на естрадата има најмалку проститутки, а нејзината изјава дека денес сите жени се продаваат за пари ја шокираше јавноста.
-Не мислам дека треба да се легализира за да се откриваат лицата под маски, туку заради буџетот, државата и безбедноста на тие девојки, да не мора да седат во излог на кафуле и да регрутираат или да ловат муштерии. Седнете во куќи, домови, бордели и да бидете официјални, што ќе биде многу поморално од ова што се случува сега, рече Тамара и додаде:
„Ги има и по хотели и по пошти и банки, не би ја врзал проституцијата со сцената, најмалку се на сцената, најмногу ги има по клубови, улици и штандови“ – додаде Ѓуриќ.
-Сите жени денес се продаваат за пари, некои за 1 ден, 1 час или цел живот, се мажат за пари и тоа е и еден вид проституција која трае цел живот. Жално е да се влечат вака по весници овие девојки кои работат по еден час, имаат родители, а можеби и деца, само треба да се легализираат, изјави Тамара Ѓуриќ.