Пејачката Нивес Целзиус често ги радува своите следбеници со провокативни фотографии на својот Инстаграм профил, но ретко кој знае како всушност таа се презива.
Сите ја знаат како Нивес Целзиус, а на нејзината лична карта не пишува Целзиус, бидејќи тоа не е нејзиното презиме, туку Жељковиќ.
-Целзиус? Јас сама се сетив, на другите им се допадна. Прекарот беше симбол на порастот на температурата, поврзаноста со мојот изглед, типот на изведба што го избрав и лесно се памети, така се роди Нивес Целзиус, изјави пејачката во една прилика за медиумите.