По Евровизија, домашните и медиумите ширум Европа не престануваат да пишуваат за младата пејачка Ксенија Кнежевиќ од групата која ја претставуваше Србија на овој фестивал.
Како што е познато, Ксенија е постара ќерка на популарниот пејач Ненад Кнежевиќ-Кнез и неговата поранешна сопруга Нина, од коja се разведе пред неколку години.
Венчавката се одржа во ноември 1995 година во Белград. Во тоа време, мајката на Ксенија беше бремена во осмиот месец. Нина важеше за една од најубавите жени во тоа време, многумина ја сметаа за најфатална Белграѓанка, но избегнуваше да се појавува во јавноста, што е случај и сега.
По распадот на бракот, пејачот пронајде среќа со избраничката Татјана, со која се уште е во хармонична врска.