вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СКАНДАЛ: Брутално ја претепал својата малолетна ќерка, приведен познат лик од НБА

СКАНДАЛ:  Брутално ја претепал својата малолетна ќерка, приведен познат лик од НБА

Амаре Стадемаер, поранешна НБА ѕвезда, беше уапсен поради наводно претепување на својата ќерка.

Поранешната суперѕвезда, кој помина 14 години во НБА, беше уапсен во саботата.

Според информациите на американскиот „FOX Sports“, тој е обвинет за нанесување телесни повреди.

Наводно во полиција изјавил дека неговата ќерка „била тепана затоа што покажала непочитување и лажела“.

Како што се додава во известувањето на медиумите, Стадемаер ја удрил ќерка си по лицето, а потоа и удрил неколку шлаканици.

Мајами Хералд го доби полицискиот извештај во кој се вели следново:

„Видовме дамки од крв на џемперот и тренерката на жртвата. Мајката на жртвата ни покажа фотографија што ја добила од нејзината ќерка, на која се гледа како лицето на жртвата крвари“.

По злосторството, тој беше приведен во полиција во Мајами, а кауцијата беше одредена на 1.500 долари. Тој со поранешната сопруга има две ќерки на 17 и 14 години, а засега не се знае кој бил вмешан во инцидентот.

Најнови вести