Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски предизвика вистински скандал во регионот, особено во Србија поради покажувањето на албанскиот симбол – двоглав орел.
Имено нашиот пејач за време на снимањето на емисијата „Твоето лице звучи познато“ зад сцената додека се подготвувал на фоторепортерите им ги покажал ноктите, но на сосема погрешен начин алудирајќи на албанскиот симбол.
По ова тој предизвика вистинска бура од реакции и навреди на социјалните мрежи, по што се огласи и самата продукција „Емоушн“ која вели дека не гледа ништо спорно во потегот на Кајмакоски кој ја пропагирал Голема Албанија.
-Нашето шоу е од забавен карактер и не дозволуваме пропагирање на било какви политички симболи и пораки. Да сметавме дека тука станува збор за таков симбол веднаш ќе реагиравме, како што тоа го правевме порано, велат од продукцијата.
Инаку Кајмакоски за српски Информер вели дека не знаел дека со рацете го покажува срамниот албански симбол.
-На репортерите им ги покажував ноктите, а една од позите ми беше и оваа која предизвика скандал. Немав поим што правам и дека тоа е албанскиот знак. Јас сум Македонец и православен и никогаш не би го направил тоа намерно. Во шок сум поради сето тоа, вели Кајмакоски.
Во 2018 година инаку на Светското првенство во Русија на исти начин и со овој симбол прославија и фудбалерите на Швајцарија Гранит Џака и Џердан Шаќири кој се со албанско потекло на мечот против Србија, по што соседите беа бесни.