петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Скандал на свадба: Пејачката Барбара Бобак претепала пијан гостин

Скандал на свадба: Пејачката Барбара Бобак претепала пијан гостин

Барбара Бобак пред нешто повеќе од три години стана дел од забавната сцена и оттогаш нејзината кариера е на нагорна патека. Има се повеќе луѓе кои ја сакаат и почитуваат нејзината работа, а Бобак има многу закажани настапи.

Но, неодамна изјави дека повеќе не пее на приватни забави, бидејќи не и се допаѓа енергијата на ваквите тезги.

Пејачката откри досега непознати детали од една од свадбите на кои пеела, кога претепала некултурен и пијан гостин.

На прашањето дали некогаш сакала физички да се пресмета со гостин на настап, Барбара изјавила дека оваа ситуација и се случила на приватна забава:

-Јас физички се пресметав со некого на настап. Некој беше многу пијан на свадба, тоа не беше настап, тоа беше свадба, на која јас пеев. Човекот беше многу пијан и почна да ми се впушта во лице и почна со рацете како да ќе ме фати, постар беше, еднаш му реков да се тргне од патот, го известив и младоженецот. Потоа му реков по трет пат, не се тргна, па го фатив за врат и го фрлив на подот. Потоа го изнесоа надвор и му објаснија некои работи, рече Бобак и изненади многумина.

Најнови вести