четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Скарлет Jохансон го очекува своето второ дете

Скарлет Jохансон го очекува своето второ дете

Скарлет Jохансон е бремена и го очекува своето второ дете, а всушност, прво со сегашниот сопруг Колин Џост, кој е три години повозрасен од неа.

Според наводите, глумицата поради бременоста поретко се појавуваше на промотивните настани за филмот „Црна вдовица“, којшто деновиве почнува да се прикажува во светските кина. Бременоста ѝ е во „поодмината фаза“, според западните медиуми.

Скарлет Јохансон веќе ја има шестгодишната Роуз, која ја доби со поранешниот сопруг Ромен Дауријак.

Таа се омажи за 39-годишниот Колин Џост – една од ѕвездите на шоуто „Во сабота навечер“ (Saturday Night Live), во октомври минатата година, по тригодишна љубовна врска.

Најнови вести