сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Славната пејачка во една година стана мајка и баба

Славната пејачка во една година стана мајка и баба

Сиа доби две внучиња и на 44-годишна возраст стана баба.

Славната пејачка пред само неколку недели откри дека минатата година посвоила две момчиња со полни 18 години, а сега ги изненади фановите со веста дека стана баба. Тоа значи дека во период од една година, Сиа стана и мајка и баба.

„Мојот најмлад син штотуку доби две бебиња. Јас сум баба! – изјавила таа во интервју за Apple Music.

Сиа ги посвои двете момчиња кога тие имале по 18 години и привршувало нивното згрижување од социјалните служби. И двајцата биле малтретирани и имале трауматични животни приказни. Тие промениле 18 места на живеење во 18 години.

„Јас всушност посвоив два сина минатата година. И двајцата имаа 18 години, а сега се 19-годишници. Им изминуваа годините на згрижување. Да, и ги сакам“ – изјави таа во мај.

„И двајцата многу страдаа, а јас можев да им помогнам – ги имав потребните ресурси за да им ја пружам помошта која им беше потребна за нивната траума во рана возраст. Потребно беше да помине година и имавме свои подеми и падови, но никогаш не сме биле на подобро место од она на коешто сме денес“ – рекла таа.

За мајчинството, Сиа вели: „Тоа е благослов за мене. Мислам дека ме спаси, јас сум во рајот.“.

Најнови вести