Славната пејачка Шерил Кроу, која музичката кариера ја започнала како придружна пејачка на концертите на кралот на поп музиката, Мајкл Џексон, била на турнеи со него во 80-тите години и сега признава дека во текот на истите се случувале „навистина чудни работи”.
Пејачката, која уште не го гледалa документарецот за славниот пејач „Напуштајќи ја Недојдија”, а во кој се изнесени бројни обвиненија на негова сметка и неговото непримерно однесување кон деца, признала дека многу прашањa и се вртеле низ глава кога работела со него.
Шерил, која и сама се прославила кога започнала соло кариера, првиот вкус на славата и сјајот на рефлекторите го почувствувала кога во текот на 80-тите години му се приклучила на Џексон на неговата турнеја во траење од 18 месеци, а на која била и наводната жртва на Џексон, Џејмс Сафечук, и покрај тоа што одел во училиште.
-Тоа беше лудо искуство. Тој тогаш беше најголема ѕвезда на една генерација и јас добив можност да пеам дует со него секоја вечер, 18 месеци, рекла Шерил, пренесува “Mirror”.
-Бараше многу труд и на настапите точно се знаеше како, што и кога се работи…Никогаш претходно не сум била подалеку од САД, а потоа наеднаш се најдов на бина во Јапонија, рекла таа.
На прашањето дали го гледала документарецот за славниот пејач, кој се фокусира на наводите на Робсон Вејд и Џејмс Сафечук – двајцата кои го познавале Џексон додека биле деца, Шерил признала дека не го гледала и дека не сака да го гледа.
-Бев присутна кога се случуваа некои работи за кои мислев дека се многу чудни и имам многу прашања во врска со нив, рекла пејачката.
Таа одбила детално да објасни што мисли кога вели дека се случиле чудни работи.