петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Познати

Славната „Сењорита“ го дочекала своето момче во проѕирни панталони, па се налутила кога ги видела папарацо фотографите

Славната „Сењорита“ го дочекала своето момче во проѕирни панталони, па се налутила кога ги видела папарацо фотографите

Камила Кабељо своето момче го дочекала со проѕирни панталони, а сето тоа успеале да го засведочат подготвените папарацо фотографи.

Љубовниот музички пар Камила Кабељо и Шон Мендес се неразделни откако нивното пријателство премина во љубов пред повеќе од две години, а колку се сакаат сведочат нивните најнови фотографии.

На нив јасно може да се види како 24-годишната пејачка не може да ја скрие својата возбуда што повторно го гледа својот драг, откако накратко биле раздвоени поради обврски.

Таа го дочекала пред нивниот дом, па привлекла внимание поради нејзината облека.

Имено, на себе носела бикини и целосно проѕирни црни панталони под кои се гледале гаќичките и бујниот задник.

Сепак кога ги воочила папарацо фотографите воодушевувањето и широката насмевка од лицето веднаш исчезнале, а парот побрзал да влезе во својот дом.

Инаку, зад Камила е напорна седмица откако во Лос Анџелес го промовирала својот филм „Пепелашка“.

Поп ѕвездата во последниот период се најде и на насловните страници на светските медиуми и тоа поради тоа што храбро одлучи на сите да им ги покаже своите несовршености на телото од какви што многу од жените денес се срамат.

Но, Камила без проблем шета во тесни алишта и го покажува голиот стомак и своите облини, како и природното лице без шминка.

„Си го сакам своето тело“, порачала таа неодамна на снимка од автомобил која ја споделила на социјалната мрежа ТикТок.

Најнови вести