Диџејот Дејвид Гета обожува да се фали со своето мускулесто тело, кое го одржува во форма дури и во текот на турнеите, кога годишно има и преку 200 целоноќни настапи.
„Се будам, појадувам, одам во теретана, ручам и почнувам да работам. Потоа навечер заминувам на настап, а по настапот одам на спиење. Тоа е исклучително напорно, но јас сум мотивирана личност“, изјавил Гета во разговор за порталот „Ask Men“.
Целта му е да ја одржува тежината, меѓутоа со тренинзите и исхраната ги губи маснотиите и гради мускулна маса, со што добива дефинирано тело.
Вели дека јаде 4 главни оброци и 2 меѓуоброци во денот кои се состојат од протеини, малку јаглехидрати, овошје и зеленчук и здрави масти. Шеќер избегнува, а познат е по тоа и што не пие алкохол и не пуши цигари.
„Не сакам да бидам голем, мускулест тип, туку дефиниран и силен“, порачал Гета.
Освен во теретана, тој го поминува слободното време сурфајќи, играјќи тенис и вежбајќи јога.