Актерот Џош Хартнет на публиката ѝ е познат по улогите во „Перл Харбор“, „Падот на Црниот јастреб“, „Среќниот број Слевин“ и „40 дена и 40 ноќи“. Иако беше многу популарен на почетокот на овој век, тој одеднаш престана да глуми во големи холивудски хитови, посветувајќи им се на други проекти.
Во интервју за каналот „Севен санрајс“, тој ги објаснува причините зад тоа повлекување.
– Моето гледање на Холивуд секогаш се движеше меѓу фрустрација и неволно прифаќање. Откако одбив да глумам во познати филмски хитови, не исчезнав од филмската продукција, како што некому му се чини. Само се држев настрана од Холивуд и бомбастичните наслови, бидејќи сфатив тоа не е начинот на кој сакам да живеам и работам, истакна актерот.
Тој додаде дека одлуката е важна за неговото ментално здравје, кое се влошувало. Во друго неодамнешно интервју, глумецот потврди дека работи на нови проекти.
– Навистина уживав да снимам филмови, но индустријата тогаш беше премногу за 21-годишно момче… Папараците беа на секое ќоше и не можев да одам никаде без некој да ме вознемирува. Не можам да снимам филмови, а да не бидам во средиште на вниманието, па одлучив да излезам од сѐ тоа, објасни Џош.
Единствено жали што одбил да глуми во филмот „Планината Броукбек“ (Brokeback Mountain), за улогата што му била доделена на Хит Леџер. Џош сега живее во Велика Британија со своето семејство. Тој и сопругата Тамис Еџертон го добија своето трето дете кон крајот на 2019 година.
Според ИМДБ, Хартнет во мигов работи на филмот „Ида Ред“, „Операција Среќа“, ТВ-серијата „Индекс на стравот“ и документарната серија „Истреби ги сите Брутови“.