недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Славниот актер одлучи да го промени името, еве како се вика сега

Славниот актер одлучи да го промени името, еве како се вика сега

Ѕвездата на филмот “Сам дома”, актерот Меколи Калкин, одлучил да го промени своето име бидејќи смета дека тоа е “глупаво”.

Калкин кон почетокот на месецот, на еден сајт напишал блог за тоа зошто сака да го промени своето средно име.

-Сметам дека средното име ми е глупаво. Се што посакувам за Божиќ е да го променам, напишал актерот и ги повикал своите фанови да предложат ново средно име.

Тој е роден како Меколи Карсон Калкин, а посакал да го исфрли името Карсон и да го замени со друго, пишува “Newshub”.

“Ми треба некое кул име. Ми испративте стотина предлози и откако ги прочитав сите, ова се моите пет фаворити”, објаснил тој.

Петте фаворити кои тој ги одбрал биле Меколи Калкин (неговото вистинско име), “Shark Week”, Киеран (името на неговиот брат), “TheMcRibIsBack” и “Publicity Stunt”, а потоа направил и анкета на која луѓето гласале. Во анкетата која тој ја приредил за фановите, дури 60 отсто изгласале дека неговото средно име треба да биде исто како и името и презимето – Меколи Калкин. Затоа тој отсега официјално се нарекува Меколи Меколи Калкин Калкин.

Најнови вести