четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Славниот актер остана без милион долари, знае кој и како го ограбил

Славниот актер остана без милион долари, знае кој и како го ограбил

Американскиот комичар Кевин Харт, наводно, бил жртва на серија кражби од свој вработен, кој „го олеснил“ глумецот за над милион долари.

Харт го тужи Дилан Сајер – својот личен „купувач“ кој работи за него од 2015 година. Според судските документи, кражбите се случиле меѓу октомври 2017 и февруари 2019 година, а штетата изнесува вкупно 1,2 милиони американски долари.

Сајер, според наводите, ја користел кредитната картичка на глумецот, за да ја полни својата сметка.

Првото рочиште е закажано за 17 февруари. Ако се докаже вина, Сајер се соочува со 25 години казна затвор. (МИА)

Најнови вести